Здравица

Оригинална, духовита и многу емотивна – едно е сигурно: многу одамна не сте читале нешто слично!

Детали за книгата

ISBN: 978-608-260-146-0

COBISS.MK-ID: 55783685

Издавач: Сакам Книги

Издадена: Декември 2021

Страници: 158

Формат: А5, мек повез

Лектор: Марија Иванова

Главен уредник: Ивана Спасев

Компјутерска обработка: Диме Спасев

Дизајн на корица: Диме Спасев

Тираж: 600 примероци

Опис на книгата

Што значи да си роден во 70-тите? Како изгледа да бидеш дежурен далечински управувач? Колку слави има во македонското православно календарче? Како се учело и преживувало без интернет и како успевале луѓето да се најдат без мобилен телефон? Колкав бил степенот на досада и кои се последиците од неа?

Преку детските очи на Македонка (нагалено Мака), влегуваме во светот на последните години на Југославија и зачетокот на независна Македонија кога децата растат со паролите: во здраво тело - здрав дух, џабе работи - џабе не седи, парите не растат на дрво...

Генерацијата на Мака е генерација на општествени и технолошки промени, толку вртоглави што повеќето предмети кои се користеле денес се изложени во музеи, а историјата сѐ уште се пишува (толкува).

Здравицата на пијаниот кум Тито, Југославија, Македонија и Македонка ќе бидат вечни, полека се претвора во прав, додека Мака навигира низ лични подеми и падови. Со здрава доза на хумор и сатира, Македонка најпрвин нѐ враќа назад во времето за потоа да нѐ соочи со болната вистина на денешницата.

Оригинална, духовита и многу емотивна – едно е сигурно: многу одамна не сте читале нешто слично!

Коментари од читатели