Коронтин

Доза на хумор, доза на црни мисли, доза на разочарување и доза на благодарност кон пријателките кои се секогаш тука во време на нужност.

Детали за книгата

ISBN: 978-608-260-167-0

COBISS.MK-ID: 56486917

Издавач: Сакам Книги

Издадена: Април 2022

Страници:184

Формат: А5, мек повез

Лектор: Марија Иванова

Главен уредник: Ивана Спасев

Компјутерска обработка: Диме Спасев

Дизајн на корица: Диме Спасев

Тираж: 600 примероци

Опис на книгата

Кога посакуваа живот како на филм ниедна не помислуваше на апокалиптичните сцени кои ги донесе Короната. Празни улици, глува тишина, страв, анксиозност, дневни статистики на заболени и починати...

Под секоја маска, визир, ракавици, скафандер една човечка душа се бори за физички и ментален опстанок.

Марија, Катарина, Сара и Хана се другарки од детството, чии животни патишта во потполност се разликуваат. Четирите се наоѓаат затечени од пандемијата и секоја од нив на свој начин се бори со сопствените предизвици.

Марија развива нинџа потези за да ги избегне камерите на своите деца и сопругот, жртвувајќи го личниот простор и време. Катарина се преиспитува дали вреди да го задржи својот љубовник, женет политичар од власта и како да ја издржи финансиската криза на приватниот бизнис. Сара ги открива благодетите на животот надвор од урбаната средина, а Хана, помирена дека никогаш нема да го најде својот животен сопатник, токму сега се заљубува.

Доза на хумор, доза на црни мисли, доза на разочарување и доза на благодарност кон пријателките кои се секогаш тука во време на нужност.

Коментари од читатели